Унапредувањето на социјалната грижа за нашите најмлади, но и за возрасните сограѓани ќе го продолжиме и во наредниот четиригодишен мандат, а како локална самоуправа ќе даваме поддршка за подобрување на условите, истакна кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Зрновци, Борчо Коцев по средбата со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
На средбата со пензионерите од општина Зрновци беа претставени заложбите и политиките за социјална грижа за сите граѓани, без разлика на возраста.

-Благодарни сме за поддршката од Министерството социјална политика, демографија и млади за обезбедувањето средства за доизградба на објектот на детска градинка „Бисерчиња“. Исто така, како Локална самоуправа овозможивме услови за започнување на реализацијата на витален проект – изградба на Дом за стари лица, како инвестиција на приватниот сектор. Во план се и други значајни инвестиции кои ќе обезбедат подобри услови за најмладите, но и достоинствен живот за повозрасните, истакна кандидатот за градоначалник Коцев.
Заменик-министерот Велковски нагласи дека ќе продолжи поддршката за реализација на проектите на Општина Зрновци, како и владините политики за подобрување на стандардот на пензионерите во целата држава.

-Сакаме да помогнеме и да ги решиме сите предизвици и потребите на повозрасните граѓани. Кога дојдов првпат тука, во овие простории, болна тема беа пензиите и мислам дека денеска веќе тоа прашање го надминавме, за повеќе од 330 илјади пензионери да бидат задоволни во македонија. Со покачувањето на пензиите, не само што ви се качени директно приходите во самото домаќинство, многу битна состојба која што решивме беше како се предизвикало да има толку ниски пензии зборувам за голем дел од пензионерите во Македонија, односно повеќе од 120 илјади пензионери да примаат пензија од 14 до 16 илјади деари, истакна Велковски.
На средбата со пензионерите беа најавени проектите со кои и во иднина ќе продолжи грижата за подобрување на условите и животниот стандард, а дека Општина Зрновци ќе добие поддршка за нивна реализација.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






