Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Кочани беше дел од мото релито „Македонија независност 2023“

Од Д. Николов
11 септември, 2023
во Кочани
Време на читање:2 мин.
A A
Кочани беше дел од мото релито „Македонија независност 2023“

Изминатиов викенд се одржа 32. издание на мото рели „Македонија независност 2023“. На релито имаше над 400 домашни и учесници од странство кои за три дена со моторциклите ја обиколија целата држава по претходно договорена маршрута. Мото релито почна во Скопје, а првата попатна пауза беше во Кочани, при што се реалзираше и мото дефиле низ градот.

-Мото клубот „Желки“ од Кочани веќе четврти пат организира пауза на мото релито Независност, кој што традиционално се одржува во нашата држава по повот денот на независноста, а исто така има статус на меѓународена спортска манифестација. За разлика од претходните три години, оваа година направивме поразлично, односно оваа манифестација ја организиравме во Трговскиот центар. Денес е неработен ден и има помал број на возила поради таа причина настанот го организиравме овде. Благодарност до Општина Кочани на чело со градоначалникот Папазов , СВР Штип и ОВР Кочани кои ни помогнаа сето ова да го реализираме, исткана Момчило Хаџи Паунов претседател на Мото клубот „Желки“.

-Релито се одржува по 32. пат, а ова ни е прва точка на застанување. Продолжуваме кон Берово каде имаме пауза потоа одиме Струмиица, Дојран каде што имаме вечера и забава и ова е крај за првиот ден. Вториот ден тргнуваме од Дојран во 10 часот и одиме Гевгелија, Неготино, Кавадараци каде што имаме и пауза, а потоа Битола, Галичица и последната дестинација за вториот ден е Охрид, а таму имаме завршна вечер и прогласување и доделување на наградите. Третиот ден тргаме од Охрид и одиме кон Кичево каде имаме и пауза, а потоа возиме кон Стража, Гостивар, Тетово и Скопје е последната дестицаија каде го завршуваме релито, кажа Зоран Трајковски претседател на Мото федерацијата.

За мотоциклистите релито претставува големо искуство и предизвик, на коe што одговорија успешно изминативе три дена.

-Јас во 2011 година имам дојдено од Швајцарија со мотор до Македонија. Инаку имам одено на повеќе вакви настани како во државата така и надвор од нејзините граници. Јас активно возам од 2010 година, а во годината поминувам најмалку дест илјади километри, истакна Даниел Цонев учесник во мото релито.

Моторелито „Македонија независност“ е единствен спортски настан кој се одржува во континуитет 32 години, а неговата цел е промоција на мотоциклизмот и меѓусебното дружење.

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Ознаки: мото клуб „желки“моторели
Сподели30Tweet19

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Промовирана збирката „Оризот во поезијата“
Кочани

Промовирана збирката „Оризот во поезијата“

Од Д. Николов
29 септември, 2023
0

Во библиотеката „Искра“ беше промовирана книгата „Оризот во поезијата“ од авторите Љупка и Коце Стојменови. Делото е создавано повеќе години, а мотивот за да се напише се појавил...

Прочитај повеќе
Атанас Георгиев ја промовираше стихозбирката „Мисли и размисли“
Кочани

Атанас Георгиев ја промовираше стихозбирката „Мисли и размисли“

Од Д. Николов
27 септември, 2023
0

Во библиотеката „Искра“ попладнево беше промовирана стихозбирката „Мисли и размисли“ од роднокрајниот автор Атанас Георгиев. Рецензент и промотор беше Славица Цветкова која истакна дека главниот мотив на авторот...

Прочитај повеќе
Sep 29, 2023 - Fri
Кочани, MK
18°C
5 km/h, NE
61%
765.07 mmHg
ПЕТ09/29 САБ09/30 НЕД10/01 ПОН10/02 ВТО10/03
26/17°C
27/15°C
27/15°C
27/13°C
26/13°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?