Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочани во втората група општини во државата со доволна транспарентност на буџетскиот процес за 2022 година

автор: Т. Ајтовски
10 ноември, 2023 11:44
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кочани во втората група општини во државата со доволна транспарентност на буџетскиот процес за 2022 година

Кочани е на 11 место меѓу општините во државата според транспарентноста на буџетскиот процес, а по мерењата на Индексот за отворени општини за 2022 година. Со индекс поголем од 43,3 таа е во втората група од 13 општини кои имаат доволна отвореност на буџетскиот процес.

Податоците и анализата ги објави Здружението за истражувања и анализи – ЗМАИ од Скопје, при што биле испитувани три димензии: транспарентност, вклученост и праведност и отчетност, а резултатите покажале дека најголемиот број на општини имаат минимална отвореност на буџетскиот процес.

Прва е групата од осум општини што ги предводи Битола, а потоа се Валандово, Крива Паланка, Делчево, Центар, Струмица, Богданци и Берово кои се со задоволително ниво на отвореност. Останатите општини во државата имаат недоволно ниво, односно минимална отвореност на буџетските процеси кон граѓаните.

Од соседните општини во микрорегионот според Индексот за отворени општини следуваат Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница, а тие се во третата група со недоволно ниво на отвореност.

Преку оценката за транспарентноста е мерен степенот до кој буџетскиот процес, од подготовка, преку донесување, до спроведување, е познат на јавноста, додека со параметарот за отчетност е вреднувано објавувањето на резултатите од работата на локалните власти и на целиот буџетски процес до граѓаните. Во анализирањето на вклученоста се опишани начините преку кои граѓаните, и посебно маргинализираните групи, се вклучуваат во буџетскиот процес, односно дали им е дозволено на овие групи да го искажат своето мислење за локалниот буџет и дали нивниот глас е слушнат. Правичноста истражува каква е застапеноста на маргинализираните групи во различните фази од буџетскиот процес.

Меѓу главните забелешките за слабиот индекс на отвореност на Здружението за истражувања и анализи е наведено дека најслабиот аспект се однесува на недостапноста на завршната сметка во отворен формат, односно само две општини ја објавиле јавно, а 93 отсто од општините не организирале јавна трибина на која се презентирала завршната сметка за 2022 година.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: буџет на Општина Кочанитранспарентност

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“
Кочани

36. „Марш за ангелите“ во Кочани: „ОЈО ГОК со месеци одолговлекува со постапката, бараме рок, одлука и одговорност“

автор: Т. Ајтовски
24 јануари, 2026 16:12
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го организираше 36. „Марш за ангелите“ со кој освен барањето правда за загинатите во трагедијата во „Пулс“, им беше дадена поддршка на младите...

прочитај повеќе
Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани
Кочани

Едукативна работилница поради порастот на интернет и телефонските измами врз повозрасните граѓани организираше Здружението на пензионери – Кочани

автор: Т. Ајтовски
23 јануари, 2026 19:13
0

Зголемен број телефонски и интернет измами  заради остварување незаконска финансиска добивка или друг вид корист од повозрасните граѓани регистрираат надлежните полициски служби. Тоа беше повод Здружението на пензионери...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 24, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, E
93%
761.31 mmHg
sun01/25 mon01/26 tue01/27 wed01/28 thu01/29
облачно
11/7°C
слаб дожд
11/7°C
облачно
10/5°C
облаци
10/5°C
облаци
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?