Во салата на Мултикултурниот центар во Кочани вечерва се одржа 52. Државен фестивал на аматерски филм, што го органнизираа Кино сојузот и Народна техника на Македонија.
Пред публиката беа прикажани аматерски филмови изработени на конкурсот што го објави Фестивалот во категории на документарен, краток игран филм, експериментален, анимиран и едноминутен филм.
-Од година во година фестивалот добива сѐ поголем квалитет. Голем интерес има и кај помладите, апсолутно. Јас сум професор на Факултетот за аудио-визуелни уметности и катадневно се јавуваат млади луѓе, истакана Мишо Нетков, претседател на комисијата.

Фестивалот го отвори претседателот на Советот на Општина Кочани, Лазо Митев кој истака дека ова е прв ваков настан во нашиот град.
-Оваа година како општина имаме привилегија граѓаните да имаат можност да го следат 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија. Општина Кочани заедно со градоначалникот се еден вид покровители на оваа манифестација, истакна Лазо Митев, претседател на Советот на Општина Кочани.

На настанот беа прогласени и наградени најдобрите аматерски филмски дела во сите категории. Одлуката за најуспешните филмови ја донесе жирито во состав: Мишо Нетков, Петре Чаповски и Јане Темелковски.
Во рамките на Фестивалот в сабота, ќе се одржи Третата школа за непрофесионален филм „Стефан Сидовски Сидо“ на која наградените учесници и учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ од Оризари ќе реализираат работилница за подготовка на кратки филмови.
Во рамки на Фестивалот во Кочани беа доделени повеќе златни, бронзени и сребрени плакети во различни категории на филмови.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.