Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочани е на четврто место меѓу општините во државата според мерењето на Индексот на отвореност за 2025 година

автор: Т. Ајтовски
24 септември, 2025 22:16
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кочани е на четврто место меѓу општините во државата според мерењето на Индексот на отвореност за 2025 година

Општина Кочани е на четврто место според мерењето на Индексот на отвореност во 2025 година што за 80 општини го направи Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Со индекс од 66 отсто нашата општина е во групата на десет најотворени единици на локална самоуправа, веднаш зад Крива Паланка со 71, Берово со 69 и Демир Хисар со 68 проценти. Потоа следуваат општините Битола, Делчево и Карпош со 66, Валандово со 63 и Богданци, Велес и Кичево со 58 отсто.

Индексот на отвореност ги оценува перформансите на локалната самоуправа во областа на доброто владеење со тоа што се фокусира на четири начела: транспарентност, свесност, пристапност и интегритет и еден заеднички домен присутен во сите четири начела – отворени податоци.

-Најпосветени на транспарентноста годинава се покажаа Кочани и Крива Паланка со 81 отсто, а најниско беше оценета Демир Капија со 13 отсто, која за време на мониторирањето немаше функционална веб-страница. Како добар пример годинава може да ги истакнеме Општина Кочани и Општина Крива Паланка кои усвоија „Внатрешна процедура за отвореност на единиците на локалната самоуправа“ чија цел е да постави јасни насоки за унапредување на проактивната отвореност на локалната самоуправа. Внатрешната процедура беше изготвена преку проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција“ како одговор на потребите на ЕЛС за воспоставување системски пристап кон транспарентноста, отчетноста и вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Насоките од процедурата вклучуваат едноставни чекори за следење и објавување на информации кои произлегуваат од работата на локалните власти, градоначалниците и градоначалничките, општинските совети и јавните претпријатија, со цел зголемување на транспарентноста на институцијата и довербата на граѓаните, се наведува меѓу другото во „Процената на доброто владеење воединиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија преку индексот на отвореност“ што ја објави Фондацијата Метаморфозис.

Во споредба со истражувањето од 2024 година, наодите покажуваат благо подобрување во пристапноста на општините, односно во обезбедувањето јавен пристап до информации од јавен карактер и ефикасни механизми за граѓанска вклученост, со цел овозможување на граѓаните полесно и суштински да се вклучат во донесувањето одлуки на локално ниво и обликувањето подобар живот во заедницата. Според овој критериум Општина Кочани е на петто место во државата.

Заедно со начелата на транспарентност и пристапност, оваа година единиците на локална самоуправа бележат напредок во областа интегритет со вкупно 38 отсто, односно зголемување за 3 проценти во споредба со 2024 година. Во оценувањето на овој критериум, со 86 проценти Општина Кочани е меѓу првите три од сите 80 општини во државата.

Во однос на планските региони, општините во Источниот регион со 47,7 отсто се најотворени, додека најзатворени оваа година се општините од Полошкиот регион со измерен индекс од 32,3 отсто.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: индекс на отвореностопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани
Кочани

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 16:27
0

Традицијата на планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова форма со официјалната промоција на Извидничкиот одред - „Никола Карев“. Иако одредот функционира...

прочитај повеќе
Прекината наставата во првата смена во училиштата во Кочани поради лажна дојава за поставена бомба
Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 11:38
0

Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 10, 2026 - вто
Кочани, MK
5°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
68%
771.07 mmHg
wed03/11 thu03/12 fri03/13 sat03/14 sun03/15
неколку облаци
14/4°C
чисто небо
16/7°C
облаци
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?