Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочани и германскиот град Кастроп-Рауксел ќе соработуваат во заштитата на животната средина

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кочани и германскиот град Кастроп-Рауксел ќе соработуваат во заштитата на животната средина

Општина Кочани и градот Кастроп-Рауксел од германската покраина Северна Рајна Вестфалија денеска потпишаа писмо на намери со што почнуваат поширока и долгорочна соработка во проекти и активности во областа на заштитата на животната средина и искористување на природните потенцијали.

Се работи за втора, возвратна работна средба што се одржа во локалната самоуправа на Кочани, на која градоначалникот Љупчо Папазов со своите соработници се сретна со претставник од германскиот град, а преку видео конференциска врска оствари разговор со градоначалникот на Кастроп-Рауксел, при што беа нагласени резултатите што се очекуваат од воспоставувањето на соработката.  

-Влегуваме во процес на дефинирање проекти од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води, а соработката ќе навлезе и во проекти за унапредување на животната средина, управување со отпадот, одржливиот развој на туризмот, а специфично за Кочани е искористувањето на геотермалните потенцијали. До септември ќе аплицираме за искористување средства од 500 илјади евра за изработка на техничка документација, со која стратешки и долгорочно ќе се дефинира развојот на општина Кочани. Тука пред сè мислам на потенцијалите на геотермалните ресурси што ги ставивме на посебно место, а таа техничка документација ќе ни овозможи пристап и до средства од Германската техничка поддршка (ГТЗ) за изработка на проекти што можат да бидат финансирани во висина до 10 милиони евра, истакна градоначалникот Папазов.

Во рамки на воспоставената соработка ќе се формира тим со стручни лица од двата града, кој ќе работи оперативно за изготвување на потребната документација и ќе дава идеи за да се аплицира до пристапните фондови на ЕУ.

-Претставниците од регионалната канцеларија на Северна Рајна Вестфалија ни овозможуваат да го прошириме нашето поврзување, што е многу важно, така што оваа година ќе ја искористиме за да ја продлабочиме соработката врз основа на различни развојни програми и проекти. Во изминатите два дена посетивме различни постројки во делот на водоснавбдувањето и одведувањето на отпадните води, а ги видовме и потенцијалите на градот. Она што може да биде многу битно за Кочани е развојот на туризмот, со што ќе се овозможи и развој на економијата и модернизација на инфраструктурата, истакна Штефан Тројке, претставник од општината Кастроп-Рауксел.

Воспоставувањерто на соработката е во рамки на проектот „Општинска размена на експерти Северна Рајна-Вестфалија и Северна Македонија“, имплементиран од Агенцијата за услуги заедници во еден свет (SKEW) во име на Државниот канцелар на Северна Рајна-Вестфалија и германското Министерство за економска соработка и развој. Целта е зајакнување на партнерството меѓу Република Северна Македонија и покраината Северна Рајна-Вестфалија на локално ниво, за размена на експертиза помеѓу ЕУВ, градот Кастроп-Рауксел, КЈП „Водовод“ и Општина Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кастроп-раукселмеѓународна соработкаопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции
Кочани

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции

автор: Т. Ајтовски
8 ноември, 2025
0

Родителите на загинатите во трагeдијата во клубот „Пулс“ јавно реагираа до Јавното обвинителство поради тоа што обвинети оствaруваат средби со оштетени лица со што можат директно да влијаат...

прочитај повеќе
Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски
Кочани

Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Владко Грозданов, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Кочани откако во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласови пред...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 9, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
762.82 mmHg
sun11/09 mon11/10 tue11/11 wed11/12 thu11/13
слаб дожд
18/12°C
слаб дожд
17/13°C
слаб дожд
11/10°C
одвоени облаци
14/8°C
чисто небо
16/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?