Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочани ќе добие нова јавна установа Младински културен центар, предлогот за основање доставен до Советот на Општината

автор: Т. Ајтовски
8 ноември, 2023 12:27
во Кочани, Култура
време на читање: 2 мин.
A A
Кочани ќе добие нова јавна установа Младински културен центар, предлогот за основање доставен до Советот на Општината

Општина Кочани иницира постапка за oсновање нова јавна општинска установа Младински културен центар, за што веќе е изготвена предлог одлука која е доставена до Советот на Општината.

Како седиште на Младинскиот културен центар е определен објектот на постојниот Мултикултурен центар, на улицата „Маршал Тито“ бр. 26, а се планира новата установа да врши дејност од јавен интерес со непрофитна цел.

Во предложените општи одредби за основање на институцијата, меѓу другото е наведено дека тоа се прави заради остварување на локалниот интерес во културата за граѓаните на општина Кочани од областа на издавачката, музичката, сценско-уметничката, филмската и галериската дејност, како и во дејноста на домовите на културата, дејноста за посредување во културата и во дејноста за управување со објекти.

Се предвидува Младинскиот културен центар да работи на создавање информативни и научно-технички содржини, потоа на создавање на програми и проекти од определените дејности, како и нивно пласирање, продажба и афирмација. Реализацијата треба да биде преку разновидни форми за работа со кои ќе се создава, презентира, афирмира и разменува творештвото на младите, со посебен акцент на културно-уметничкиот аматеризам. Покрај театарската, музичката и галериско-ликовната дејност, овде се опфатени и размена на програми, проекти и искуства со сродни институции, асоцијации, невладини организации и поединци од земјата и странство.

Според предлог одлуката, јавната установа ќе се регистрира и ќе работи под фирмата Младински културен центар, со скратен назив МКЦ – Кочани. За вршење на определените дејности таа ќе наплаќа надоместок од корисниците на услугите. Покрај овие приходи, предвидено е да се финансира и од Буџетот на Општина Кочани, од донации, од кредитни средства и од други извори во согласност со закон.

Младинскиот културен центар треба да има Управен одбор од пет члена, а со институцијата ќе раководи директор со кого ќе се склучи менаџерски договор во кој ќе биде утврдена и неговата плата.

Предлог одлуката содржи и други одредби за донесување статут и начинот на функционирање на новата јавна установа, а материјалот ќе се најде на разгледување пред членовите на Советот на Општина Кочани на 37. редовна седница закажана за во вторник, 14 ноември.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: мкц - кочанимладински културен центар -кочаниопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
„Водовод“ бара согласност за поскапување на геотермалната вода за 3,4%
Кочани

Покачена цената на геотермалната вода од системот „Геотерма“

автор: Т. Ајтовски
31 јануари, 2026 13:15
0

Нова, повисока цена доби геотермалната вода од системот „Геотерма“ на кочански „Водовод“, со што наместо досегашните 61,90 денари за еден метар кубен, корисниците во иднина ќе плаќаат по...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 6, 2026 - пет
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?