На истиот семинар имаше вклучено и други експерти од областа и едукација на образованието како господинот Игор Паскоски кој што е спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија, Наде Ристов која што го водеше делот за едукација на младите пионери и Ѓорѓија Стојанов кој што е селектор на репрезентацијата за пионери. Меѓу другото џудо клубот „Гладијатор“ зеде активно учество со свои учесници, се пријавивме во два дела. Едниот за едукација на лиценцирани тренери и вториот за продолжување на тековната лиценца за судии, рече Драган Шеќероски, генерален секретар на Џудо федерација на Македонија.
Техничката организација на семинарот била на највисоко ниво, при што присутните имале одлично дружење и добра едукација со изведен и практичен дел. Шеќероски додаде дека ќе се организира уште еден ваков семинар на кој што исто така ќе се работи на подигање на џудо спортот на повисоко ниво.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=IjPX2JSGv5o
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.