Заштитните поткапи се вклопуваат со маската и ги штитат главата и вратот од изгореници. Составот на материјалот овозможува заштита од хемиски супстанции и при високи концентрации во случај на прскање.
Новата опрема ќе ја замени старата дотраена, која кочанските пожарникари ја добија како донација пред повеќе од една деценија.
Наскоро, Општина Кочани ќе ја распише јавната набавка за ново теренско противпожарно возило, за кое се испланирани средства во Буџетот за 2020 година. Според потребите на Единицата, ќе се набави џип што ќе го олесни пристапот и на најнепогодните простори за гасење пожари, особено на полските површини. Ова возило ќе биде прво за Територијалната единица обезбедено со средства од Општина Кочани.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.