На предавањето на новата уиниформа присуствуваше и градоначалникот Илијев кој вети дека поддршката од Општината ќе продолжи.
– Во 2018 година, за првпат од постоењето на Единицата, набавивме заштитна пожарникарска опрема, бидејќи досега ја добивале како донација, веќе користена опрема од други држави. За неа издвоивме близу 700 илјади денари. Обезбедивме и нова работна облека во вредност од околу 300 илјади денари, што значи дека за кратко време вложивме 1 милион денари за заштитна и работна опрема и покажавме дека луѓето што работат во Територијалната противпожарна единица се важни за сите нас. Ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина, Единицата е значајна не само за граѓаните на Кочани, туку и на соседните општини кои ги користат нејзините услуги и ние ќе настојуваме таа да биде опремена и во добра кондиција за да може да одговори на предизвиците и да ги штити човечките животи и материјалните добра, рече Николчо илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Освен набавката на облека и обвуки, Илијев рече дека во наредниот период ќе продолжи поддршката за набавка и на друга неопходна опрема за пожарникарите.
Во текот на јануари Територијалната противпожарна единица од Кочани има регистрирано 18 интервенции, пред се на индивидуални станбени објекти. Во моментот располага со шест возила, од кои четири навални и две теренски, а освен во Кочани дејствува и на територијата на соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.