– Со големо задоволство можам да истакнам дека од година во година се повеќе се зголемува бројот на полициски службеници, посебно младите, кои што сакаат да даруваат крв. Еве и денеска имаме успешно спроведена крводарителска акција во која крв даруваа 25 службеници, рече Санде Спиров, полициски службеник во ПС – Кочани.
Кочанската полициска станица годишно реализира три крводарителски акции. Втората ќе биде спроведена во месец јуни, а третата и последна за оваа година ќе биде спроведена во ноември.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=t_uhMOsXaFo
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.