– Многу малку се добива пчелин отров од едно пчелно семејство. При еден третман со специјалните апарати кои што создаваат електро шок кај пчелата и таа го остава својот отров на стакленце, од едно семејство може да се извади најмногу до 0,2 грама пчелин отров, а следниот период кога повторно може да се вади е минимум пет дена. Математиката на еден искусен пчелар од Босна кој што сериозно се занимава со оваа проблематика и вади пчелин отров и продава за Америка е дека од едно семејство може да извади пчелин отров најмногу до 5 грама годишно. Што значи за да се добие некоја количина од 500 грама, потребни се околу 100 многу здрави пчелни семејства и да работиш три месеци континуирано. Друга работа што е проблем при ова производство е тоа дека минимум 150 грама пчелин отров се потребни за анализа за да може да го продава. Значи од произведени 500 грама 150 одат за анализа. Инаку цената е висока и примамува. Се движи од 30.000 до 300.000 долари за килограм зависно од квалитетот и чистотата на отровот, рече Драган Колев, пчелар од Кочани.
Потребна е и едукација на пчеларите за производство на пчелин отров, но и пчеларите заеднички да се здружат и да работат на производство.
– За да работиш со поголема фирма, обично за во Америка бидејќи Америка е гладна за пчелин отров и може да се извесува во тони, само ако сакаме ние да почнеме да се произведува во Македонија, еве и јас сум заинтересиран да произведувам, ќе мора да се здружиме повеќе пчелари, да направиме поголема количина и тој дел што е 150 грама за проба и анализа да го поделиме. Кружи погрешна информација дека може за еден час да се да се произведе еден грам пчелин отров. Да не се лажеме, ако така лесно се вади отровот нема да биде толку скап. Постојат апарати во Кина за производство на пчелин отров и цената се движи од 100 до 300 евра за кошница зависно од квалитетот, додаде Колев.
Пчелиниот отров се бара во козметичката индустрија и медицината. Наоѓа примена и за лекување на неколку болести меѓу кои и Паркинсовата болест, Мултиплекс склерозата , реумата, болести на коски и зглобови,а делува токсично и на канцерогените клетки. Од овој бизнис најмногу профитираат Русија и Кина кои што се сметаат за лидери во произвдоството на отров од пчели во светот. Еден производител има во Босна, двајца во Србија и еден во Хрватска.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=bqOuCJTi8Es
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.