– Целта на самото риболовно здружение е збогатување на рибниот фонд во акумулацијата, а тоа воедно е и афирмација на рекреативниот риболов, односно како спорт во нашата општина. Порибуваме со 300 килограми крап со тежина од 1,5 до 2 килограма по примерок. Да ја искористам можноста да кажам дека постои веќе забрана на акумулацијата Гратче што трае од 5 мај до 5 јуни, во тој период нема да се лови, односно има ловостој, рече Димитар Димитров, претседател на Спортско риболовно здружение „Кочански рибар“.
Димитров ги потсети риболовците дека и по завршувањето на забраната останува законската обврска да не се ловат примероци со тежина над 5 килограми, туку задолжително да се враќаат во водата, што барем до сега се почитувало.
Од Здружението “Кочански рибар“планираат да извршат уште едно порибување со покрупни примероци, но и со подмладок на крап.
– Ќе имаме наесен уште едно порибување, законската обврска која што ја имаме какко концесионери, а то амислиме да го направиме кога ќе го организираме и натпреварот што како традиција ќе стане. Мислиме на овој натревар да бидат поканети и риболовни здруженија од други градови, па да извршиме еден вид промоција на самата акумулација и ние како риболовно здружение да организираме еден таков натпревар, додаде Димитров.
Интересот за риболов на браната Гратче е голем и досега се издадени над 100 годишни дозволи, а дополнително се продаваат и дневни дозволи.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=kI653tZb_qM
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.