– Партиските функционери ќе имаат поголеми партиски задолженија, поголеми обврски, но и поголема одгoворност за функциите што ги носат. Ќе понудиме институционална помош и поддршка за членството, што вклучува грижа за секој член со посветување максимално внимание и почит, создавање база на податоци за секоj член пооделено со детектирање на нивните потреби, можности и потенцијали, со цел стекнување на довербата на членовите во партијата. Ќе ја подигнеме организационата поставеност со цел функционирање на сите органи и тела во полн капацитет. Континуирано ќе се работи со членството за успешно спроведување на кадровската политика на ниво на ОО СДСМ – Кочани, рече Дарко Радески, претседател на ОО СДСМ – Кочани.
На присутните на изборната конференција им се обрати и пратеникот и член на Централниот извршен одбор на СДСМ, Хари Локвенец.
– Да ви пренесам позитивна енергија со која треба да го разгледуваме и да дејствуваме и функционораме во следниот период. Јас пред малку спомнав дека сите вие, поединечно, сте дел од големата победа што ја реализиравме на партиско ниво, меѓутоа клучните луѓе се претседателите на Месните одбори, оние кои ја донесоа победата, оние кои ја организираа победата, оние кои го владеат теренот и знаат што ќе се случува во иднина. Токму тие луѓе се вистинскиот контролен механизам за да функционираме понатаму во иднина и да функционираме квалитетно понатаму, рече Хари Локвенец, член на Централниот извршен одбор на СДСМ.
На изборната конференција како гости присуствуваа и претставници од коалиционите партии, поранешни претседатели на општинската организација на СДСМ, поранешни градоначалници и членови од партијата кои дале придонес во работењето на локално ниво.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=pKmmH6yZAJU
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.