Жена од Кочани измамила тетовец со ветување дека ќе му обезбеди бугарски пасош. Во текот на 2022 година таа стапила во контакт со 25 годишно момче од Тетово и му ветила дека ќе му обезбеди бугарски документи. За возврат тој требало да и плати одреден паричен надомест. Досега момчето не ги добило документите, ниту му биле вратени парите.
Случајот го пријавил во понеделникот во СВР – Тетово.
Полицијата од Кочани пак, расчисти и случај со насилство врз малолетник. Против 51-годишниот А.М. од Кочани, Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кочани поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 24 декември во Градскиот трговски центар во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел телесни повреди.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.