Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

КПС „Осоговски орел“ и Општина Кочани потпишаа меморандум за соработка

автор: Т. Ајтовски
3 април, 2024 14:00
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
КПС „Осоговски орел“ и Општина Кочани потпишаа меморандум за соработка

Претставници од Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов денеска потпишаа меморандум за соработка со што е договорена меѓусебна поддршка во организирањето настани и манифестации од јавен интерес. Со потпишувањето на документот членовите на клубот преземаат обврска околу учеството и организирањето во активности што ќе следат во наредниот период, а чиј носител е Локалната самоуправа.

-Целта на меморандумот е взаемна поддршка и помош при организирањето велосипедски тури,  планинско трчање и слични настани, а со што ќе се обезбеди подобра промоција на општината. Исто така, ќе се претстават потенцијалите за планински туризам и природните убавини во општината, но и промовирање на здравиот начин на живеење, односно граѓаните што повеќе да рекреираат, спортуваат, да бидат активни во природа, истакна Гоце Тошев, претседател на КПС „Осоговски орел“.

При потпишувањето на меморандумот, веќе се договорени и активности што Општина Кочани ќе ги организира наскоро, а во кои ќе се вклучат и членовите на клубот. За 13 април е закажан настанот „Пешачењето е здравје“, чија цел е да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје, а по иницијатива на КПС „Осоговски орел“, по повод 22 Април – Денот на планетата Земја, ќе се реализира и екоакција на потегот Бавчалук – Гратче.

-Овие активности се предвидени за месец април, едната е рекреативна прошетка околу браната Гратче, а другата е екоакција за расчистување на пешачката патека до Гратче. Сметаме дека во овој пролетен период таа треба да биде расчистена за да можат да ја користат поголем број граѓани, истакна Тосе Атанасов, секретар на КПС „Осоговски орел“.

Кочанскиот планинарски клуб во текот на наредниот период ќе организира уште две свои активности, што се во рамки на потпишаниот меморандум за соработка, односно за промовирање природните спортско-рекреативни потенцијали на општината.

– На почетокот од оваа година веќе го организиравме првиот настан „Небојани треил“, што ќе стане традиционален, а веќе сме во подготвока на други два настана што истот ака сакаме да станат традиционални. Тоа е велосипедската тура „Манданата“ којашто ќе се одржи во јули, по повод празникот Петровден, а во октомври ќе организираме планинско трчање, односно реобновување на „Гратче треил“ што ќе биде по повод првиот роденден на нашиот клуб, истакна Елена Атанасова, членка на КПС „Осоговски орел“.

Велосипедската тура „Манданата“ ќе биде во спомен на Стефан Мандалов – Манданата кој е еден од учесниците во Илинденскиот револуционерен период и од грабнувањето на Мис Стон, а бил убиен во близина на селото Мишино на Осоговските Планини. Трката ќе биде со должина од 30 километри на релација Крушка – Мишино – Небојани – Костин Дол – Ајдар – Крушка, а за учесниците ќе биде организирана и музичко-забавна програма.

-Јас, како најстар ччен во новиот планинарски клуб, упатувам апел за помасовно вклучување на граѓаните во рекреативни активности, да пешачат, да планинарат, да трчаат, да возат велосипед и да се дружат со нас, истакна Ангел Галев, член на КПС „Осоговски орел“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кпс „осоговски орел“општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
„Водовод“ бара согласност за поскапување на геотермалната вода за 3,4%
Кочани

Покачена цената на геотермалната вода од системот „Геотерма“

автор: Т. Ајтовски
31 јануари, 2026 13:15
0

Нова, повисока цена доби геотермалната вода од системот „Геотерма“ на кочански „Водовод“, со што наместо досегашните 61,90 денари за еден метар кубен, корисниците во иднина ќе плаќаат по...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 6, 2026 - пет
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?