Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски

автор: Т. Ајтовски
18 јуни, 2025
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната прес-конференција пред Обвинителството.

-Со жалење можам да констатирам дека на угостителите кои работат нерегуларно и незаконски поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните. Загрозени се жителите во тие згради, но и посетителите на нивните објекти. И тоа нема да го толерирам затоа што ова е најтешкиот период во поновата историја на Кочани. Не смееме да замижиме по огромната несреќа и да дозволиме институциите сѐ уште да не функционираат. Поради тоа поднесувам кривична пријава против угостители и се надевам на брза и ефикасна реакција од страна на Обвинителството за да не ни се случи „Пулс 2“, истакна в.д. градоначалникот Крстевски.

Нагласи дека е даден налог до општинската инспекторка за животна средина да ги провери сите елаборати на угостителските објекти.

-Ги прашувам надлежните институции, како што е Државниот пазарен инспекторат, дали се прават контроли и зошто се толерира работењето во дивоградби, како Агенцијата за храна и ветеринарство издала ХАСАП дозвола за објекти што подготвуваат храна ако кујните им се дивоградби и имаат броила за струја што се во непосредна близина на фритезите? Како е можно во тие објекти да има легален приклучок на електричната мрежа и да се прават елаборати што не се соодветни со реалната состојба, слично како во „Пулс“, додаде Крстевски.

В.д. градоначалникот информираше дека во кривичната пријава се приложени документи како пример од судската практика за слична постапка со која се отстранети објекти во други општини. Во меѓувреме, Општина Кочани почнала постапка за отстранување на угостителски објекти во Трговскиот центар во Кочани кои се бесправно изградени на јавна површина.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: венко крстевскиопштина кочаниосновно јавно обвинителство - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Награди на најдобрите ученици и училишни екипи им додели Општина Кочани по повод Петровден
Кочани

Награди на најдобрите ученици и училишни екипи им додели Општина Кочани по повод Петровден

автор: Администратор
11 јули, 2025
0

По повод Петровден, празникот на Кочани, в. д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски ги награди првенците на генерацијата и најуспешните екипи и ученици од основните и средните...

прочитај повеќе
Оглас за бесплатна обука за негуватели објави Здружението „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани
Кочани

Оглас за бесплатна обука за негуватели објави Здружението „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани

автор: Администратор
10 јули, 2025
0

Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани, како лиценциран давател на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, распишува оглас за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 11, 2025 - пет
Кочани, MK
25°C
облаци
облаци
2 m/s, NE
37%
759.06 mmHg
fri07/11 sat07/12 sun07/13 mon07/14 tue07/15
облаци
24/23°C
одвоени облаци
32/19°C
чисто небо
36/20°C
облаци
37/22°C
одвоени облаци
36/23°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?