Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кривични пријави против одговорните во КЈП „Водовод“ и во Општина Кочани ќе поднесе Граѓанскиот одбор против загадувањето од депонијата

автор: Т. Ајтовски
21 декември, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кривични пријави против одговорните во КЈП „Водовод“ и во Општина Кочани ќе поднесе Граѓанскиот одбор против загадувањето од депонијата

Членовите на Граѓанскиот одбор против загадувањето од комуналната депонија во Кочани ќе поднесат кривични пријави против директорката на КЈП „Водовод“, градоначалникот и овластените комунални инспектори во Општината, откако втор ден камиони на комуналните претпријатија од Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево исфрлаат отпад на депонијата.

Од Одборот наведуваат дека нивната постапка е предизвикана поради грубото кршење на волјата на граѓаните, сублимирана во едногласната одлука на Советот на Општина Кочани дека на градската депонија во Кочани не смее да се исфрла ѓубрето од другите општини.

-Градоначалникот и директорката ги имаат пречекорено службените овластувања и ја злоупотребија функцијата со тоа што дозволија дејства спротивни на одлуката на Советот на Општина Кочани. Исто така, комуналните инспектори несовесно ја извршуваат својата работа. Бараме одговор дали и кога градоначалникот потпишал меморандум за преземање отпад од соседните општини, по чие барање и врз основа на кој закон соседните општини доаѓаат со полициска придружба до депонијата што е во владение на општина Кочани, а дадена на управување на КЈП „Водовод“ и дали директорката е должна да постапува по неосновани усни наредби, се истакнува во писменото известување од Граѓанскиот одбор.

Поради непочитувањето на одлуката на Советот на Кочани, а со тоа и на граѓаните на Кочани, од Граѓанскиот одобор најавија нов протест што ќе се одржи в понеделник, 23 декември. Незадоволството ќе биде искажано со двочасовна блокада во периодот од 13 до 15 часот на кружниот тек кај ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијаопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
3°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
80%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
9/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?