Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кристина Серафимова е нова в.д. директорка на Општата болница – Кочани

автор: Д. Николов
27 август, 2024 14:19
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кристина Серафимова е нова в.д. директорка на Општата болница – Кочани

Докторката Кристина Серафимова е нова в.д. директорка на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Таа е долгогодишна раководителка на одделението за неврологија во Болницата, а доаѓа на местото на претходната директорка Душанка Горгиева Трпевски, која оваа функција ја извршуваше 12 месеци.

-Од денес официјално сум назначена за в.д. директор на Општата болница со проширена дејност – Кочани. Вработена сум од 2011 година и досега ја извршував функцијата раководител на одделот Неврологија. Имав прекрасна соработка со досегашната директорка, како и со сите доктори, раководители и целиот медицински персонал на Болницата. Цел и приоритет е на пациентите да им овозможиме подобра здравствена грижа за да се унапреди нивното здравје, а и да обезбедиме подобри услови за истите, истакна Серафимова.

На примопредавњето на функцијата, новата в.д. директорка беше запознаена во каква ситуацијата е кочанската болница, како и за тоа кои проекти биле реализирани во текот на претходната година.

-Чест и задоволство, но и голем предизвик беше да се биде директор на Општата болница – Кочани. Оваа функција ја извршував точно 12 месеци. Денеска официјално имавме примопредавање со новата в.д. директорка, Кристина Серафимова. На истата ѝ посакувам многу среќа и успех во понатамошните планови и проекти. Во текот на моите 12 месеци се реализирани неколку проекти, а едното од тие е набавката на ново амбулантно возило, новиот ехоапарат за радиодијагностика од марката „Миндреј“, инсталирани се нови прозорци, клима уреди, адаптирани се и нови простории. Најбитно за мене и за новата директорка е тоа што финансиската состојба на институцијата е добра и позитивна, односно нема загуби, кажа Трпевски.

Решението за назначување на новата раководителка на јавната здравствена установа го потпиша министерот за здравство, Арбен Таравари.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општа болница со проширена дејност - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 17, 2026 - саб
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
0 m/s, SE
92%
771.07 mmHg
sat01/17 sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21
-/4°C
неколку облаци
6/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?