Долгогодишниот прв тренер на “жолто-сините“ во екипата се врати на крајот на јуни минатата година и тоа на местото спортски директор на клубот. Претходно Крстев имаше едногодишна пазуа од активности во “Осогово“, токму во периодот кога со него раководеше стариот Управен одбор.
Засега неизвесно е дали неговото заминување ќе влијае на тренерскиот состав што изминатата сезона работеше со фудбалерите. Исто така, не е познато дали се размислува за ангажирање на ново име или ќе се почека разврската околу натамошната судбина на клубот во Втората лига.
Инаку, од Управата на “Осогово“ му се заблагодаруваат на Крстев за досегашниот ангажман во клубот и неговата посветеност и труд кој што ги покажал изминатите месеци.
T. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.