– Досега КЈП „Водовод“ има користено ваков тип на возило како надворешна услуга за што плаќаме превисока цена што е неисплатливо за претпријатието. Со оваа донација и ова возило како наша сопственост, ќе го имаме постојано и ќе можеме навремено да ја сервисираме канализациската мрежа во градот. Сакам да се заблагодарам до швајцарската влада за оваа донација, и ова возило навистина беше неопходно за потребите на градот и на самото комунано претпријатие, рече Андреј Киров, директор на КЈП “Водовод“.
Од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања – СЕКО, преку кој се реализираше донацијата, рекоа дека очекуваат возилото да го опслужува поширокиот регион.
– Ова возило за чистење на канализацијата што денеска го промовираме е дел од преоктот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Како што веќе знаете со помош на швајцарските средства се гради таа пречистителна станица, но од друга страна состојбата на канализацискиот систем е од круцијална важност за добро функционирање на системот и на пречистителната станица. Ова возило заедно со машината е прво од ваков тип во регионот. Во Скопје и во Куманово тие веќе се во функција, но во овој регион ова е за првпат да се донесе и да се користи вакво возило, ќе биде од голема помош не само на Кочани, туку и на целиот регион бидејќи очекуваме да помага и во другите градови, рече Клиф Хамер, претставник на СЕКО.
Кочанското комунално претпријатие досега располагаше само со две постари цистерни со кои се одржуваше канализациската мрежа. Поради честите дефекти услугите се извршуваа нередовно и со потешкотии.
Т.Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.