КЈП „Водовод“ објави оглас за организирање на традиционалниот Кочански панаѓур, за што е објавено и јавно наддавање:
- Традиционалниот Кочански панаѓур ќе се одржи во Кочани на КП бр. 15493/1 и КП бр. 15493/2, на дел од ул. „Скопска” што граничи со КП бр. 15493/2 и дел од ул.„4-та Македонска бригада” со вкупна површина од 3.000 м2.
- Панаѓурот ќе се одржи во периодот од 06.11.2025 год. до 09.11.2025 год. (четврток ,петок, сабота, недела).
- Почетната цена за јавното наддавање изнесува 1.785.000 ден. + ДДВ со праг на наддавање минимум 10.000 ден.
- Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 13.10.2025 год., понеделник, во 12 часот во просторите на КЈП „Водовод“ – Кочани, ул. „Д-р Николиќ“ бр. 64, Кочани.
- Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар за вршење дејности од забавен и рекреативен карактер, кои немаат обврски спрема КЈП „Водовод“ и кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Како доказ да се достави Тековна состоба не постара од 6 месеци и доказ за активна трансакциска сметка. Уплатата ќе се врши на жиро с-ка 210 0404839301 62 НЛБ Банка.
- На јавното наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници-наддавачи правни лица. Во случај да не успее јавното наддавање веднаш ќе се објави нов оглас за јавно наддавање, на кое доколку се јави и еден учесник ќе биде реализирано. Доколку не успее и второто јавно наддавање, организацијата на Кочанскиот панаѓур ќе jа преземе КЈП „Водовод“.
- На излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да плати и 18% ДДВ.

- Излицитираната цена најповолниот понудувач има обврска да jа уплати истиот ден по завршување на лицитацијата, на сметка на КЈП „Водовод“ и да уплати 100.000 ден. како аванс, кој износ ќе биде вкалкулиран во износот за подмируване на сметката за мрежарина, т.е. дистрибуција на електрична енергиа кон КЈП „Водовод“ лок. Градски панаѓур Кочани.
- Со најповолниот понудувач КЈП „Водовод“ ќе склучи Договор, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.

- КЈП „Водовод“ – Кочани ќе има обврска да jа исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни јазли и истите да ги одржува и редовно, да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.
- Обврска на закупецот е да обезбеди осветлување на патеките и просторот каде ќе бидат поставени тезгите, како и приклучокот за електрична енергија за корисниците кои ќе имаат потреба од истата (грилови, крофни, шеќерен памук и друго). Приклучокот на електрична енергија за забавниот парк не е обврска на КЈП „Водовод“, туку на закупецот, односно на правното лице со кое ќе се склучи Договорот.
- Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на тел. бр.033/279-112
- Огласот ќе трае до денот и часот на закажаното јавно наддавање (13.10.2025 год. до 12 часот.)
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






