Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

КЈП “Водовод“ ја одбележа 50-годишнината од основањето

автор: Т. Ајтовски
22 март, 2018 20:36
во Некатегоризирано
време на читање: 1 мин.
A A

Исто така, тој зборуваше и за дел од плановите за натамошен развој.

– Веќе започнавме да правиме стратегија за развој со вклучени акциони планови и бизнис планирања, за што КЈП „Водовод“ веќе има и законски обврски, но воедно ова беше заклучок и на менаџерскиот тим како врвен приоритет. Во рамките на третманот на отпадните води, преку компонентата „Институционален развој“ ја покренавме иницијативата со помош на услугите на ангажираниот швајцарски консултант да добиеме стручен предлог за нова организациона поставеност на нашето претпријатие, по моделите на модерните европски претпријатија кои пружаат услуги за снабдување со вода за пиење. Ние од ова нема да отстапиме и можеби ќе наидеме на отпори и обиди, како на внатрешни, така и на надворешни влијанија, кои верувајте нема да не поколебаат, рече Андреј Киров, в.д. директор на КЈП “Водовод“.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, го истакна значењето на претпријатието кое обезбедувајќи вода, управувајќи со отпадот и уредувајќи го зеленилото, во значајна мера управува со квалитетот на животот во Кочани. Исто така, се заблагодари на владите од пријателските држави кои ги помогнале важните проекти во “Водовод“.

– На сите кои досега помагаа во развојот на “Водовод“, а со тоа им помагаа и на граѓаните на Кочани, јас од името на граѓаните пренесувам едно големо благодарам. Како продолжение на сето она што го кажавме е и проектот за изградба на браната Речани кој треба да се гради со средства од Владата на Република Македонија, проект кој ќе придонесе за уште поквалитетно снабдување со вода за пиење и наводнување на Кочани и микрорегионот. Почитувани, иако фокусот на моето излагање го ставив на рационалното однесување со водните ресурси, како една од основните дејности на „Водовод“, би сакал да го истакнам и проблемот со управувањето со отпадот. Со проектот на Владата, во наредниот краток период очекуваме решавање на овој проблем. Кочани ќе биде главна претоварна станица за отпад, а главната депонија за Истокот и дел од североисточниот регион ќе биде во Светиниколско, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

На амбасадорите на Франција, Австрија и Швајцарија, како најголеми донатори во подобрувањето на квалитетот на живеењето преку водоснабдувањето, користењето и третманот на отпадните води, им беа доделени благодарници.

– Да ви се заблагодарам за тоа што и после толку години вие не сте ја заборавиле поддршката од Владата на Франција, што на конкретен начин зборува за нашата посветеност. Нашата континуирана поддршка ќе продолжи во иднина, а пример за тоа е студијата за изградба на пречистителна станица за отпадни води за град Скопје, финансирана од Франција, рече Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција.

– Би сакала да ви се заблагодарам од името на швајцарската влада и швајцарскиот народ за овој ценет сертификат. Ми претставува огромно задоволство да бидам со вас денес и да ја прославам 50-годишнината од основањето на јавното претпријатие “Водовод“ и да го обележам Светскиот ден на водите. Да им се обезбедат на граѓаните на Кочани водни услуги за 50 години е големо достигнување, но едно од најуспешните јавни претпријатија во државата воцелиот овој период е уште поголемо достигнување. Би сакала да ви честитам вам и да ви посакам да продолжите со развивање и модернизирање на јавното претпријатие, со надеж следната година на граѓаните да им се обезбеди, покрај добрата квалитетна вода, да им се обезбедат и услуги за третман на отпадните води, рече Сибиле Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија.

На свеченоста им беа доделени признанија на сите досегашни директори на кочанското комунално претпријатие.

На настанот беше презентиран и најуспешниот труд од одржаниот натпревар на тема „Важност и предизвици на третманот на отпадните води“, а „Водовод“ ги награди и најуспешните училишни средношколски тимови од овој натпревар.

Т. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

https://www.youtube.com/watch?v=w9mnDsKmomU

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
Каратистот Филип Стојанов патува со македонската репрезентација на Европското првенство на Кипар
Спорт

Каратистот Филип Стојанов патува со македонската репрезентација на Европското првенство на Кипар

автор: Т. Ајтовски
3 февруари, 2026 10:15
0

Кочанскиот каратист Филип Стојанов, член на КК „Партизан“, како дел од Македонската карате репрезентација ќе учествува на Европското карате првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21-годишна возраст...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 6, 2026 - пет
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?