Покрај тековните активности кои што ги има „Водовод“, во делот на градско зеленило претпријатието врши резидба на стари и исушени дотраени дрвја и гранки.
-Резидбата се врши поради формирање на нови крошни како и од безбедносни причини. Досега извршиме резидба на делот од улицата „Маршал Тито“ на потегот од поштата до мостот кај Шопинг центарот. Во наредниот период ќе вршиме резидба во Трговскиот центар и на улицата „Димитар Влахов“, додаде Киров.
Паралелно со чистење на улиците КЈП „Водовод“ ги чисти и тротоарите а исто така паралелно со чистењето се фрла и доволна количина на песок и сол со цел справување со поледицата посебно со најавувањето на минусните температури во наредните неколку дена.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=MKweYbf1-hQ
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.