Од Општина Кочани рекоа дека имаат сериозни проблеми со решавањето на слични инфраструктурни прашања поради дивоградби што се легализирани и ја кочат изградбата на оваа и други улици.
– Поради напорот на Локалната самоуправа да им помогнеме на луѓето со хендикеп направивме контакти со министерот без ресор Аксел Ахмедовски и благодарение на неговата помош веќе се издвоени средства за да го изградиме кракот од околу 280 метри на оваа улица, да биде направена со такви нагиби што ќе ги користат овие жители на оваа улица, рече Александар Гицов, раководител на на Одделението за урбанизам.
За градоначалникот Николчо Илијев дивоградбите се наследен проблем кој со ист или помал интензитет продолжува да загрижува.
– Граѓаните мора да бидат свесни и да им биде јасно за сите последици и ризици кои ги носат со непочитување на законите. Кога е во прашање изградбата на објект без техничка документација, без градежна дозвола, тоа е нелегален објект, се прави кривичен престап, а исто така не постојат никакви услови тој објект да биде легализиран. Тоа значи дека или ќе биде срушен или за цело време на неговото постоење е дивоградба и сопственикот не може да ги оствари своите права кои го следуваат по основ на сопственост, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Градоначалникот апелира сите граѓани на Кочани се воздржуваат во делот на пречекорувањето на нивните права и да ги почитуваат законите.
Во првиот законски рок за легализација на бесправно изграденит објекти до стручните служби во општина Кочани биле поднесе 5.988 барања, од кои досега се решени близу 80 отсто. Со продолжувањето на рокот за легализација до крајот на годината, овој број е зголемен за уште околу една третина, поради што може да се очекува со озаконувањето на дивоградбите да се појават нови проблеми во решавањето на инфраструктурните прашања во иднина.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.