Македонецот денеска секој ден се буди посиромав, за уште малку позадолжен од вчера и слуша радио, гледа телевизија, отвора на интернет за да провери како се вика земјата во која што живее, за да провери кој е тој и како ќе се вика, за да провери како ќе се викаат и што ќе бидат неговите деца или внуци, она што го чувствува секој македонец може да се опише со два збора и бол и бес токму како романот на Славко Јаневски. Тоа не сме го заслужиле, рече Миле Лефков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.
ВМРО-ДПМНЕ е за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, рече Лефков на пресот, но дека има два начина-едниот од нив е потешкиот -тоа е пат кој не води во ЕУ преку исполнување на сите економски и политички предуслови, тоа меѓу другото значи владеење на правото, ослободување на институциите од партиското влијание и пораст на животниот стандард –ако така влеземе во Унијата ќе бидеме горди на себе и на она што сме го постигнале како народ и ќе бидеме достоен член на Европа. Но, во последно време не убедуваат дека постои и друг – најверојатно пократок пат по кој ќе влеземе во Унијата но да бидеме свесни дека пократкиот пат значи дека ќе влеземе во ЕУ со “свиткана кичма“, понижени, осиромашени, поделени, раскарани и единственото место кое ќе го имаме во Европа на тој начин ќе биде улогата на европско гето, беше речено на пресот.
Лефков на крајот од пресот ги повика граѓаните да учествуваат на големиот протестен собир што ќе се одржи на 2 јуни во Скопје.
-Денеска Македонија е ставена пред една небиднина од која единствен излез се нејзините граѓани-во овој прес не станува збор било кој што се занимава со политика-ова е прес за сите нас, за нашата иднина и за иднината на нашите деца. Поради сево ова ве повикувам на 2 јуни во Скопје во 20:00ч на голем протестен собир во кој сите зедно ќе кажеме НЕ на погубните политики на власта и ке кажеме СТОП на понижувањето на македонецот во неговата сопствена држава. Како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани можам да ве поканам и да ве охрабрам да бидете дел од протестот на 2 јуни- ќе можеме да им кажаме на нашите деца дека тој ден и ние бевме на улица заедно со Македонците, додаде Лефков.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=HQuithOxrNg
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.