Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Ликовна изложба „Нова димензија во создавање 2“ на Александра Димитрова од Кочани

автор: Т. Ајтовски
2 октомври, 2024
во Култура
време на читање: 3 мин.
A A
Ликовна изложба „Нова димензија во создавање 2“ на Александра Димитрова од Кочани

Во изложбениот Салон 2 на ЦК „Бели мугри“ вечерва беше отворена изложбата „Нова димензија во создавање 2“ од ликовниот уметник м-р Александра Димитрова од Кочани.

Пред кочанската публика се претставени дваесетина дела кои претставуваат продолжување на досегашните ликовни истражувања и сликарски циклуси што беа почнати во акварелна техника, а потоа прераснаа во градење на бојата во големи формати.

-Овој циклус содржи апстрактно насликани портрети и пејзажни пределина големи и и средни сликарски платна. Со нив оставам простор да пробудат спротивставени чувства кај посматрачот, затоа што како предизвик на досегашните мои дела ја дополнувам приказната од директниот контакт со природата и планинските предели, кои често се мои хранители на душата. За мене овие дела се низа од визуелни единици тенки линии и широки потези на четката со различна густина, кои сочинуваат заокружена целина, истакна авторката на изложбата Димитрова.

На отворањето на изложбата зборуваше и нејзиниот рецензент, уметникот Синиша Новески, кој истакна дека сликите на Димитрова се оригинални и претставуваат нејзино индивидуално гледање и креирање на мотивите.

-Во нејзините слики се чувствува силна експресивност и виталност преку играта на ликовниот јазик. Комплементарноста на топлите и ладните бои ја надополнува со текстура и цртеж, кои преку својот графицизам даваат витални атрибути. Потсвесно или намерно, Димитрова од разиграните слики богати со бои и текстура извлекува со лесна и конструктивна линија одредени ликови и портрети, кои се идеализирани, но сепак носат одредена емоција, лиричност и грациозност, истакна Новески.

Пред присутните во преполниот Салон 2, се обрати и градоначалникот Љупчо Папазов, кој го истакна задоволството што еден роднокраен ликовен уметник, како што е Димитрова, освен што своите чувства и видувања ги пренесува на сликарското платно, успешно работи со најмладите во општината, во рамки на Школата за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“.

Изложбата „Нова димензија во создавање 2“, како дел од новиот ликовен циклус на Димитрова, освен во Кочани, ќе биде претставен и во други градови во државата, како проект Патувачка самостојна изложба, што е поддржан од Министерството за култура, ЦК „Бели мугри“, Општина Кочани и бизнис секторот.

Отворањето на изложбата беше збогатено со музички точки на пијано што ги изведе Макарија Иванова, ученичка во ОМУ „Ристо Јуруков“, со поддршка од својата наставничка Марија Лазарова.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: александра димитроваликовна изложбацк „бели мугри“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Самостојна изложба на рачно пишувани калиграфии „Калингвистика“ од Ангела Ајтовска отворена во ЦК „Бели мугри“
Култура

Самостојна изложба на рачно пишувани калиграфии „Калингвистика“ од Ангела Ајтовска отворена во ЦК „Бели мугри“

автор: Т. Ајтовски
22 мај, 2025
0

Во изложбениот салон на ЦК „Бели мугри“ вечерва беше отворена изложбата на рачно пишувани калиграфии од Ангела Ајтовска од Кочани, која е единствениот магистрант по калиграфија во Македонија....

прочитај повеќе
Одложен е 62. Драмски аматерски фестивал во Кочани
Култура

Одложен е 62. Драмски аматерски фестивал во Кочани

автор: Т. Ајтовски
10 април, 2025
0

Управниот одбор на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) од Кочани донесе одлука да го одложи одржувањето на 62. фестивалско издание на најдобрите аматерски и алтернативни театри во државата. Во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
2 m/s, WSW
92%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
15/6°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?