– За витражот како техника малку се знае во Македонија бидејќи тој во еден период го застапуваше сликарството на катедралите и црквите. Во последните дваесесетина години витражот зазема место во декоративното сликарство и почнува да се употребува во секојдневниот живот. Затоа и сакаме преку овие работилници да го приближиме витражот како техника до учениците, а гледаме дека и од нивна страна заинтересираност има, рече Владимир Темков, ликовен уметник.
Наставничката по ликовна уметност Марија Мицова – Гацова рече дека ваквите средби се добредојдени кај учениците и дека радува фактот што секоја година од училиштата излегуваат ученици кои своето образование го продолжуваат во областа на уметноста.
Освен ликовниот уметник Владимир Темков гости на работилницата беа уметникот Новица Трајковски и ликовни уметници од Русија. Инаку, активноста се реализира во соработка со ЦК „Бели Мугри“ Кочани.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.