Над сè се и новите законски одредби кон кои се прилагодуваат превозниците,а кои налагаат нови фискални каси – што значат и нови трошоци , за лиценцираните таксисти.
Поради ова,Каров рече дека од име на здруженеото ќе упати официјално барање до Општина Кочани и до градоначалникот да помогне сите надлежни институции да се усогласат во дејствувањето. Во спротивно, според него, во вакви услови такси-превозот во Кочани ќе згасне.
Од Полициската станица – Кочани ја истакнаа потребата за поголем ред и дисциплина и во самите такси-компании, зашто само со целосно почитување на законите од нивна страна, ќе може да сезасили борбата против дивите таксисти.
Секретатотр на општина Кочнаи, Александар Јосифов, на состанокот истакна дека деновиве има засилени контроли на такси-превозниците од екипи составени од сообраќајната инспекција и полицијата, што се во функција на воведување ред во такси-превозот. Потенцираше дека Општината е подготвена да соработува со таксистите, зашто само така ќе може најлесно да се увидат неправилностите и да се работи на нивно отстранување .
Деновиве Општина Кочани излезе со повик до такси-компаниите и таксистите со изминати лиценци да ја продолжат важноста на лиценците за вршење такси-превоз на патници, како и на изводите на лиценците за возила со кои вршат превоз.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.