– Лани поминавме многу слабо, измрзнаа лозовите насади и немаше род. Оваа година се надеваме да биде подобро, немавме измрзнување, значи очекуваме богат род, но треба и да се работи, рече Милан Гошев, лозар од Оризари.
– Еве ја продолживме традицијата и годинава на празникот на лозарите Св. Трифун ги закроивме лозјата и го свештеникот ни го благослови родот, вака ќе продолжиме и во динина, рече Марјан Иванов, лозар од Оризари.
На закројувањето на лозјата присуствуваа голем број верници и гости , лозари и овоштари од Кочани, а свештеникот го благослови и пресече славскиот колач. По традиционалното закројување, присутните се почестија со богата трпеза и наздравија со чашка ракија и вино. Годинава очекуваат подобар и побогат род од лани. Традиционалниот собир за закројување продолжи со песна до доцните попладневни часови.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=L7CmWLTzJfY
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.