Општина Чешиново-Облешево нуди на продажба три објекти со површина од 39, 47 и 80 квадратни метри. Се наоѓаат на улицата „Маршал Тито“ во Спанчево, а почетната цена на недвижниот имот се движи од 456 илјади до 566 илјади денари.
Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица, кои можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари.
Kандидатите треба да се најават на веб страницата e-stvari.mk, а потоа да приложат и изјава за користење на личните податоци, банкарска гаранција за сериозност и доказ за идентитетот.
Рокот за поднесување на пријавите ќе биде отворен до 22 февруари, а потребната документација се доставува во електронска форма.
Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 26 февруари, со почеток во 10 часот, на интернет страницата e-stvari.mk.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.