Кикбоксерот Лука Змејкоски, член на КК „Лидер“ од Виница, по седми пат е државен првак.
На Државното првенство што го организираше Македонската кикбокс МАИТАИ федерација, а што се одржа во салата „Јане Сандански “ во Скопје, Змејкоски беше убедливо најдобар во категоријата помлади јуниори до 81 килограм. На крајот заслужено се радуваше на златниот медал.

Змејкоски е меѓу најдобрите кикбоксери, не само во Македонија, туку и пошироко, а потврда за тоа е што минатата година беше второпласиран на Светското првенство во дисциплината лоу-кик во категоријата помлади пионери +81 килограм.
Кикбокс клубот „Лидер“ од Виница на Државното првенство освои вкупно 10 медали, од кои 5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.