На шампионската позиција на Светската кикобокс ранг листа (WAKO) се најде Лука Змејкоски, член на клубот за боречки вештини „Лидер“ од Виница.
Со вкупно 138 поени од сите досегашни настапи на меѓународните натпреварувања во категоријата лоу кик +81 килограми, Змејкоски е убедливо на првото место пред Дмитри Стоицов од Молдавија, кој има 60 поени. Другите конкуренти исто така заостануваат двојно повеќе од нашиот кикбоксер.

Последниот успех и освојувањето на златниот медал на WAKO Европскиот куп „Гран при Сараево 2025“ што се одржа пред еден месец, како и сребрениот медал од Светското младинско кикбокс првенство во Унгарија на крајот на минатата година, му го донесоа признанието за државен првак, како и за најдобар спортист на Виница за 2024 година.
Со оглед на високите трошоци за учество на меѓународните натпреварувања, од клубот „Лидер“ упатуваат благодарност за поддршката до сите општествено-одговорни компании од Виница и Кочани коишто во изминатиот период помогнале Змејкоски да остане прв во светот.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






