Магдалена Кочовска Салтирова, виш библиотекар во општинската библиотека „Искра“ од Кочани е добитник на овогодишното признание Најдобар библиотекар.
Наградата ѝ беше доделена во рамки на 22. манифестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ чиј домаќин е Струмица, а е посветена на творештвото на познатиот македонски писател за деца.
Признанието се доделува за особени достигнувања во библиотекарството и информациска дејност во јавните библиотеки во одделението за зајмување, услуги и информации за деца. Претходно беше распишан конкурс, а одлуката за наградата ја донесе стручна комисија од членови на Библиотекарското здружение на Македонија и од организаторите на манифестацијата во Струмица.
Освен наградата за Кочовска Салтирова, на конкурсот за училишен библиотекар признание доби и Љупка Стојменова од ОУ,,Никола Карев” – Кочани, за унапредување на условите и начините за работа во училишните библиотеки по пат на креативни промотивни активности.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.