За да не остане само на желба решив да стапам во контакт со некои од нив и со сите наидев на позитивен одговор. Потоа следуваа чести контакти и средби со членовите на фамилијата на Канго и се договоривме за понатамошните активности. Најпрво се формираше Иницијативен одбор кој ќе се залага достојно да го продолжи делото на Канго и да го организира 23-от Космополитски собор – „МАКТЕОН“ на 5 и 6 мај, рече Ненад Стојанов, организатор.
Во однос на програмата на 05. мај, сабота со почеток во 17 часот ќе се одржи фолклорно дефиле низ улиците на градот и настап на ансамбли на летната сцена на НУЦК „Бели мугри“, Кочани. Во 20 часот – рок настан „Орфејски мистерии“ на летната сцена на НУЦК „Бели мугри“, Кочани. На 06. мај на Дабот кај село Бели голем народен собор – симболично палење на оганот на вечноста со рецитал, играорни групи, поетско излагање и говор во чест на хероите.
Иницијативниот одбор за организирање на Мактеонот упати јавен повик до сите граѓани, здруженија, и правни лица кои сакаат да бидат дел од одборот, да учествуваат во организирањето на настанот и помогнат во остварувањето на програмата.
– Исто така, упатуваме повики и до рокерите ги покануваме сите заинтересирани бендови да не контактираат за да учествуваат на рок хепенингот „Орфејски мистерии“ на 5 мај. Сите заинтересирани да се јават на тел: 077-561-222, додаде Стојанов.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да му возвратат со љубов на оној кој многу ги љубеше сите и со многу љубов правеше се за Македонија.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=nDNKWvHzA7s
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.