Канал 8 ТВ
No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
No Result
View All Result
Канал 8 ТВ
No Result
View All Result

Малолетничката деликвенција – жешка тема во Советот на Општината

Од Т. Ајтовски
23 февруари, 2018
во Некатегоризирано
Време на читање:1 мин.
A A

– Ние во севкупниот криминал имаме намалување на учеството на деца, на малолетници во извршувањето, но за таа цел имаме зголемен број на извршители-малолетници, зголемен е бројот некаде за 9 отсто. Имаме зголемен број на деца-извршители во кривичните дела “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“. Исто така, во делот на вршење кривични дела имаме одреден број на рецедивисти, значи повторници, кои учествуваат со околу 9 отсто, што е зголемено од минатата година, рече Горанчо Јакимовски, командир на Полициска станица – Кочани.

Јакимовски додаде дека Полицијата редовно презема превентивни мерки и контроли за да се намали бројот на деликвентни постапки кај малолетниците, но беше упатена забелешка за откривањето нови девијанти појави што во извештаите од претходните години ги немало, како и за однесувањето на одделни полициски службеници при контролите на лице место.

– Има за првпат пријавени уживатели на опојни дроги, значи деца, 7 деца до 14 години мислам дека беа. И втората работа за која мене пи падна чудно и за која можеби ние како советници сме должни во ситуација да дојдеме, да даваме апел тука од говорница. Фактот дека споредбата 2017 до 2016 година во однос на прекршокот за безбедност во сообраќајот, значи имало 4904, а сега има 2471, меѓутоа тоа беше образложено како факт дека како прекршители се јавуваат само 6 деца што е навистина малку. Ние констатиравме дека навистина службата за внатрешни работи и делот за сообраќај се доведени во ситуација да немаат право да казнуваат малолетни деца, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

– Имаме ситуација дека пред 24 часот, 15 – 20 минути пред 24 часот, во локалите да настане некој хаос, кој е малолетник, кој не е,  и на некој начин се расипува ноќниот живот на младите во градот. Треба да се почитува законот, не апелирам да го кршите, но сепак барам мала флексибилност, и за доброто на угостителските објекти, а и на самите малолетници, има некои кои за месец-два, по 16, 17 години, сега треба да станат 18, мислам дека тука треба да бидеме толерантни за доброто на младите, затоа што така се создава поубава атмосфера, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

– Значи , законот е дециден, дали е 18 или 17 и десет месеци, законот вели дека е малолетник, дека уште е дете. Ние постапуваме согласно законските норми, тие не дозволуваат флексибилност. При контрола на угостителските објекти најмалку последици имаат малолетниците и родителите, одговорноста е на сопствениците на угостителските објекти и на правните лица, рече Горанчо Јакимовски, командир на Полициска станица – Кочани.

Во дискусиите на советниците се слушна мислење дека освен Полицијата, за намалување на девијантните појави меѓу малолетниците треба да помогнат и други институции, но и семејствата.

– Мислам дека повеќе треба да зборуваме, ако веќе зборуваме по оваа информација, колку, како и на кој начин е координацијата помеѓу Полициската станица во Кочани, колку е тука присутен Центарот за социјални работи, колку се присутни сите други инспектори кои се надлежни да ги контролираат, и трудовите инспектори, и санитарни инспектори, оти и такви проблеми се јавуваат, и колку тука, на крајот на краиштата сме присутни и ние како родители, рече Благој Ситновски, член на Советот на Општина Кочани.

И кога се очекуваше расправата да приврши, таа се разви во сосема поинаков правец.

– Секојдневно се соочуваме, до нас како советници, укажувања дека постои многу поголем број на пуштање дроги, особено кај младите и тоа што загрижува фактот дека деца под 14 години, што би рекле за оние средношколци до 18 години, значи, сознанија за некои дроги-апчиња кои што ги делат на четири и ги продаваат, ги купуваат за некои 200-250 денари. Сетотоа се шпекулации, ние не знаеме за што воопшто станува збор, меѓутоа должност ни е тоа овде да го кажеме, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

– Сметам дека нема потреба да се шири паника со дезинформации од оваа говорница дека бројот на криминал бил многу поголем отколку што бил санкциониран, за некакви таблети што се делеле на четири, што чинеле 250 денари. Тоа мислам дека е недолично да се кажува од оваа говорница, затоа што сметам дека не е издржано, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

– Должност ни е да го кажеме тоа, дали постои или не, јас не сум за тоа, значи Министерството за внатрешни работи е должно да го испита. Не дека ќе создаде паника, подобро да превенираме, отколку да делуваме, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

На крајот, Информацијата за состојбата со малолетничката деликвенција во општината во текот на минатата година беше едногласно усвоена.

Т. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

https://www.youtube.com/watch?v=gg_QbyikiKw

{backbutton}

©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Сподели30Tweet19

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината
Кочани

За 100 отсто да поскапи паркирањето во Кочани ќе одлучува Советот на Општината

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Надоместокот што возачите го плаќаат за паркирање на возилата во централното градско подрачје на Кочани е меѓу најниските во државата, а според предлогот до Советот на Општината, наскоро...

Прочитај повеќе
Обука за менаџмент на човечки ресурси во рамки на Националната платформа за женско претприемништво
Кочани

Обука за менаџмент на човечки ресурси во рамки на Националната платформа за женско претприемништво

Од Т. Ајтовски
22 септември, 2023
0

Здружението на бизнис жени од Кочани ги продолжува активностите што се дел од локалните акции на Националната платформа за женско претприемништво. Во тие рамки денеска се одржа обука...

Прочитај повеќе
Sep 22, 2023 - Fri
Кочани, MK
31°C
12 km/h, SSW
29%
759.81 mmHg
ПЕТ09/22 САБ09/23 НЕД09/24 ПОН09/25 ВТО09/26
31/25°C
35/20°C
32/21°C
25/18°C
28/16°C
EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица.
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

No Result
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО ВЕСТИ
  • МАРКЕТИНГ
  • ВО ЖИВО

© 2023 Канал 8 Телевизија - Сите права задржани. Изработка stiv.mk

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?