Оваа година Македонија има наголема шанса за добивање прво место во однос на претходните сезони бидејќи сега има тројца автори во полуфинале меѓу кои и кочанката Гоцевска. Најдобрите од секоја земја ќе добијат плакети и ќе бидат претставници на државата од која доаѓаат.
-Среќна сум што влегов во четвртиот круг. Сакам да им мсе заблагодарам на сите мои сограѓани кои гласаа за мене. Гласањето продолжува и трае до 25. август до 12 часот. Сите кои досега не гласале можат да гласаат со лајк на песната и со додавање на администраторот Нермин Делиќ и да ме подржат. Се надевам дека ќе влезам и во петтиот круг и ќе бидам единствен претставник на фестивалот од Македонија, рече Марина Гоцевска, учесник на фестивалот „Мили дуели“
Избирањето на победниците се одвива преку гласање на фејсбук страната каде што ги има песните на учесниците и со додавање од страна на администраторот и на тој начин се шири манифестацијата и се поддржуваат учесниците и администратоот. Во гласањето голема улога има и жири комисијата чии што членови одлучуваат кој ќе продолжи понатаму.
Нема сомнеж дека фестивалот „Мили Дуели“ е вистинска интернет сензација за откривање таленти во прозата и поезијата. Организатор на фестивалот е Нермин Делиќ од Босна и Херцеговина.
Гоцевска исто така е учесник на други поетски фестивали ширум републикава и надвор од неа, а има добиено досега многу награди и признанија за проза и поезија. Резултатите за влез во петти круг ќе бидат објавени во недела на 26 август кога би требало да останат само 15 финалисти.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.