За прва придружничка на жетварската убавица беше избрана Вања Дојчинова, а за втора Благица Христоска.
Изборот на жетварската убавица претставува своевиден уметнички перформанс преку кој се прави спој на традицијата и современото, спој на музиката, убавината и младоста. Во музичко-забавниот дел на изборот учествуваа членови на танчарската школа „Ит д` бит“ на кочанецот Илија Карадакоски и танцовиот клуб „Степ ап“ од Битола.
Трите најубави жетварки ќе учествуваат во обичајот зажнејување што во присуство на делегации од повеќе држави и амбасади ќе се изведе в сабота, 29 септември, на нива во Институтот за ориз во Кочани.
Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ в петок се одигруваат натпревари од турнирот во баскет, а настапуваат Ouroboros, Драган Теодосиев квартет, Sethstat и Мирко Попов, како и тетовскиот музички состав Conquering Lion.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.