Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

автор: Т. Ајтовски
10 мај, 2025 17:47
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

„Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ и „Прошка нема, правда мора да има“ се дел од пораките испишани на транспаренти што ги упатија семејствата на починатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ на денешниот, петти протестен „Марш за ангелите“ во Кочани.

Учесниците на протестот што почна во 16 часот и 5 минути, симболично укажувајќи на задоцнетата институционална реакција, ја поминаа вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, кон Трговскиот центар, зградата на Општината, Полициската станица и Основното обвинителство и Судот во Кочани. За разлика од претходните маршеви, денеска пред овие институции родителите молчеа.

На почетната точка од маршот во Паркот на Револуцијата беше упатена јавна забелешка за известувањето на дел од медиумите, како и за фотографија со родител на починато дете, за која била доделена награда.

-Како можете да објавите моја фотографија за „Татко на годината“ кога од 16 март до денеска јас веќе не сум татко и нема никогаш да бидам татко, затоа што ми го убија единствениот син. Мене веќе никој не ме нарекува татко, а не можам ни да бидам татко на 60-годишна возраст поради нашите убијци. Од тој ден јас сум само физички жив, како фигура, а внатре сум мртов. Обвинители и судии внимавајте како ќе судите, затоа што за виновните бараме по една година затвор за секое мртво дете и по половина година за секое повредено дете. Тоа се најмалку 115 години, како во Турско време. Судете праведно, а ако нема правда зошто само да шетаме мирно, и онака ние сме мртви, не терајте нѐ да има „селска буна“, рече татко чиј син починал во пожарот.

Родителите на протестот уште еднаш побараа одговор од надлежните кој дозволил да настрадаат толкав број млади луѓе.

-Веќе не се плашиме од никого, освен од Бога. Затоа поставуваме прашање до министерот Тошковски и до премиерот Мицкоски кој им дозволи на демоните да ги убијат нашите ангели. Зборуваме јавно и гласно, не сакаме тајни средби, кога ќе добиеме одгoворот ќе бидеме смирени, рече мајка чиja ќерка починала во трагедијата. Родителите нагласија дека ќе очекуваат правична судска постапка, за да има правда за нивните деца. Во спротивно, подготвени се своите барања да ги достават и до Судот за човекови права во Стразбур и ќе бараат поддршка од еминентни домашни и странски правни експерти и адвокати.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“протестен марштрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
1 m/s, E
81%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?