Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Марш на ангелите“ во Кочани: Нашата болка е тешка, но бараме одговорност и вистина за никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија

автор: Т. Ајтовски
14 јуни, 2025 19:13
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
„Марш на ангелите“ во Кочани: Нашата болка е тешка, но бараме одговорност и вистина за никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија

Ние не сме правници и не го разбравме обвинителниот акт што го соопшти јавниот обвинител против осомничените за трагедијата во „Пулс“, поради што бараме Основното јавно обвинителство да ни ги објасни резултатите од истражната постапка, порачаа родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ на денешниот деветти „Марш на ангелите“ во Кочани.

Учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 18 часот и 5 минути, симболизирајќи го задоцнетото институционално дејствување, а оттаму се упатија кон Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани и Полициската станица. Пред Основниот суд и Јавното обвинителство упатија јавен повик за детално објаснување против кого ќе се води обвинителната постапка.

-Сметаме дека од суштинско значење е Основното јавно обвинителство во Кочани целосно да нѐ запознае со исходот од истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт, односно кои физички и правни лица се опфатени, против кого се води постапката, а кои лица се изземени од одговорност, за да можеме да ги отстраниме сите дилеми коишто се јавуваат кај нас во врска со спроведената постапка. Неприфатливо е како најдиректно засегнати да добиеме информации преку медиуми или од неофицијални канали, па очекуваме транспарентност и директна комуникација со надлежните институции. Нашата болка е тешка, но нашата борба е праведна и бараме одговорност и вистина, не само заради нас, туку и заради иднината и никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија, истакна Марија Петрушова, мајка чиј загина во „Пулс“.

Писменото барање до Обвинителството за објаснувања околу обвинителниот акт родителите ќе го поднесат в понеделник, а побараа поддршка и од Коалицијата за правично судење и од Транспаренси Македонија.

-Јавно ги повикувам да се вклучат во борбата за правда на мојот убиен и пеплосен ангел Моника Спасова, да бидат мониторинг, да надгледуваат и следат сѐ што се случува во обвинителните акти и пишувањето на пресудите. Барам помош и од Европската унија да се вклучи како дел од мониторингот во постапката, порача Верица Трифунова, мајка чија ќерка е меѓу настраданите во трагедијата во Кочани.

Родителите на починатите во „Пулс“ рекоа дека ја продолжуваат борбата за правда и дека имаат право да знаат кои лица се обвинети, а кои не се и кои се причините за тоа. Додадоа дека се загрижени што и покрај нивните укажувања и конкретни наводи, одредени лица воопшто не биле повикани ниту на распит.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: основно јавно обвинителство - кочанитрагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе
„Водовод“ бара согласност за поскапување на геотермалната вода за 3,4%
Кочани

Покачена цената на геотермалната вода од системот „Геотерма“

автор: Т. Ајтовски
31 јануари, 2026 13:15
0

Нова, повисока цена доби геотермалната вода од системот „Геотерма“ на кочански „Водовод“, со што наместо досегашните 61,90 денари за еден метар кубен, корисниците во иднина ќе плаќаат по...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 6, 2026 - пет
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?