Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Машко дете се роди на Божик во Општата болница во Кочани – прво во општината во 2026 година

автор: Т. Ајтовски
7 јануари, 2026 18:54
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Машко дете се роди на Божик во Општата болница во Кочани – прво во општината во 2026 година

Машко е првото бебе кое се роди во новата 2026 година на Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница со проширена дејност во Кочани. Новороденчето кое ќе го носи името Миха, на свет го донесе мајката Виолета Димитровска по потекло од Гостивар.

Гинекологот Илчо Атанасовски информираше дека породувањето се случило токму на Божик и поминало во најдобар ред.

-Нов жител на општина Кочани, се роди во 02:45 часот, пациентката породи жив машки плод со телесна тежина 3.500 грама, 53 сантиметрио долго. Раѓањето заврши со уреден тек, пациентката е добро, се чувстува  добро. Ова е втора бременост, првото машко и ова е машко, значи првото раѓање е завршено во Гостивар и ова раѓање заврши тука, сакаше пациентката и се породи тука. Како сам доктор, веќе три години, пет месеци и неколку дена ја оценувам 2025 за успешна, затоа што бев сам, имам некаде околу 1.600 прегледи, околу 230 хоспитализации и имавме малку помалку раѓања, меѓутоа сега сум сам. Ќе дојдат уште три колешки, едната веќе ќе полага специјалистички уште малку, втората исто е пред специјалистички и таа ќе полага овој месец и третата треба да дојде наредниот месец, истакна доктор Атанасовски.

Атанасовски нагласи дека во 2025 година, во споредба со претходниот едногодишен период, имало само пет породувања помалку. Според него, поголем проблем од намалениот број раѓања, е зголемениот број здравствени проблеми кај жените, особено порастот на канцерогени заболувања.  

-Породувањата не се проблем воопшто во Кочани, бебето ќе се роди, дали во Кочани, дали во Штип, но имавме имаме многу гинеколошки интервенции коишто се многу позагрижувачки отколку породувањата. Имаме интервенции, имаме многу карциноми, значи ако имавме претходните години по 5-6, оваа година имаме 16 и на тоа треба да обрнеме внимание, додаде Атанасовски.

Традиционално, првото бебе во новата година го посети градоначалникот Владко Грозданов, кој им посака добро здравје на мајката и на новороденчето и им подари новогодишни подароци.

-Во моментите кога го славиме најголемиот христијански празник, раѓањето на Господ Бог Исус Христос, се раѓа и една нова наша надеж во Кочани. Ова не е симболика, ова е една јасна порака со која Господ Бог е со нас и со негова помош ќе се трудиме да го направиме тоа што го многупати велевме, за повторно раѓање на Кочани и за повторно раѓање и на кочанската болница. Од мое лично име и од име на Општина Кочани на малиот наш сограѓанин му посакувам безгрижно детство, многу здравје и да биде гордост на неговите родители и на нашиот град. Ние како Општина ќе бидеме еден посредник меѓу централната власт и институцијата Општа болница – Kочани за што е можно побрзо возобновување на неа, за што е можно повеќе инвестиции, како на кадровско, така и на организационо поле, истакна градоначалникот Грозданов.

Директорката на Општата болница – Кочани најави дека во наредниот период се очекува кадровско доекипирање на институцијата, не само на гинеколошко-акушерското, туку и на другите болнички одделенија.

-На сите да ни означи ова раѓање едноставно и раѓање и живот во самата општина, така ја гледаме симболиката. Многу ми е мило што ние имаме божикно бебе во болницата,  породувањето го изврши доктор Илчо Атанасовски, благодарност за целокупниот дежурен персонал на Гинеколошкото одделение. На новороденото му посакуваме долг и среќен живот и да биде гордост на неговите родители. Во оваа година, покрај на Гинеколошкото, очекуваме враќање на нови специјалисти на Интерното одделение исто на три специјалисти, од коишто веќе еден имаме положен, го заврши специјалистички испит и е во очекување на нејзиниот факсимил. Уште двајцата други колеги треба да ги завршат нивните специјалистички испити во почетокот на годината. Веќе кога имаме кадровска екипираност, значи се упатуваат две нови специјализации на анестезиологија и реанимација и очекуваме комплетно хируршките гранки да заживеат во општината. Одиме на тоа да се донесе и нова модерна опрема и кадровска екипираност и повеќе процедури коишто ќе се изведуваат во Болницата, за разлика од претходните години, истакна Катерина Паниќ Мирчовска, директорка на Општата болница. 

Во знак на благодарност за ангажманот, градоначалникот Грозданов им врачи подароци и на дежурниот персонал кој помагаше во првото породување во оваа година, а на Гинеколошко-акушерското одделение му подари телевизиски приемник.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: бебеопшта болница со проширена дејност - кочаниопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
1 m/s, E
81%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?