Првото новороденче во 2025 година, кое е жител на општина Зрновци е машко.
На свет го донесе мајката Еми Ивановска, а бебето веќе го доби името Милан.
Делегација од Локалната самоуправа на Зрновци ги посети мајката и новороденчето и им врачи пригодни подароци.
-Денеска го посетивме Милан, кој е прво новороденче во општина Зрновци во 2025 година, а четврто дете во фамилијата на гордите родители Еми Ивановска и Моне Ивановски. Традиционално со скромни подароци за мајката и новороденчето од Локалната самоуправа на општина Зрновци им посакавме многу здравје, среќа и безгрижни детски денови, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Од Општина Зрновци упатија благодарност до гинекологот Илчо Атансовски и до целокупниот медицински персонал во ЈЗУ Општа болница – Кочани за посветеноста и врвниот професионализам.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.