Денеска во 10:45 часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди првото бебе во новата 2025 година. Се работи за машко дете, кое е трето во семјството на родилката.
Од Болницата истакнаа дека бебето се родило со тежина од 3,7 килограми, должина од 51 сантиметари. Породувањеро го извела дежурната екипа на Одделението со лекарите Илчо Атанасовски и Адријана Лазарова, како и акушерките Дивна и Катерина.
Неколку часа пред Новата Година во болницата во Кочани се родило женско бебе.
Новогодишната ноќ поминала релативно мирно, при што на Итната медицинска помош биле прегледани 28 пациенти, но немало случаи со интоксикација.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.