Од МЕД рекоа дека условите што ги нуди Осоговијата за развој на планински велосипедски туризам се меѓу најдобрите во Македонија.
– Велосипедскиот туризам исклучително добро котира, можам да кажам, во анализата и евалуацијата на различните форми на туризам. Тој излезе како најатрактивен во моментот и како најподобен каде треба да се инвестира, заради тоа што Осоговските Планини се една од најподобните планини за развој на ваков вид велотуризам, после Бистра, слободно можам да кажам, рече Деспина Китанова од Македонското еколошко друштво.
Освен планинарењето и планинскиот велосипедизам, планината нуди одлични услови и за надградување на едукативниот туризам, за чиј развој не се потребни значајни финансиски средства.
– Во тој поглед треба да се збогати содржината на Осогово, значи немаме доволно инфорамтивни материјали, во смисла на инфо табли, потребна инфраструктура на терен како одбележани патеки, информации поврзани со тие патеки, подготвени лица кои ќе ги водат луѓето за збогатена содржина на едукација и така натаму, додаде Китанова.
За време на форумот свои искуства од развојот на планинскиот велосипедски туризам на планината Беласица, на делот во Бугарија пренесоа и гости од градот Петрич. Средбата беше дел од проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“ на МЕД, со цел да се поддржи имплементација на добри практики за регионално одржлив развој во соработка со локалните заедници.
Проектот е прекуграничен и се реализира со партнерската организација Биолошка фондација за биоразнообразие од Бугарија за бугарскиот дел од Осогово, а во координација со германската фондација Еуронатур, финансиран од Германската федерална фондација за животна средина, Франкфуртското зоолошко друштво и со сопствен придонес на партнерите.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=EgMxpeZldZg
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.