Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ на 27 август со подршка од Федерацијата за планинарски спортови и Општина Кочани ќе организира Меморијален планинарски марш во чест на поранешниот планинар Стамен Каровски. Планинарите ќе се искачат до врвот Панаѓур што се наоѓа на 1669 метри надморска височина на Осоговските Планини.
Маршот ќе почне од паркингот на туристичкиот локалитет Пониква и движењето ќе се одвива по маркирана планинарска патека, која над 80 отсто поминува низ букова шума.
Патеката е во вкупна должина од 9 километри и е од лесен карактер.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.