Неискосена трева, дупки по асфалтот на улиците, контејнери полни со отпадоци, нефункционални јавни чешми – ова се само дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на Тркање.

Од Месната заедница на селото велат дека прават огромни напори за да се средат проблемите, но не се во можност да ги санираат сите бидејќи се многу. Со проблемите ја запознале Општина Кочани, но и надлежните институции.
-Долги години имаме проблеми и срамно е да зборувам за нив, пред сè со водоводната мрежа кои од училиштето до крајот на селото. Скоро на секои 50 метри имаме проблеми, за некои се реагира, но потоа се остава неред и не се санира како што треба. Ископаните дупки стојат со недели, а за водата што истекува дојдоа само еднаш, санираа , но утредента сликата беше иста. Имаме проблеми и со јавното осветлување, редовно се реагира, но осветлување повторно немаме. Побарано е да се вклучат рефлекторите во училиштето, но работи само еден, а другите не. За фонтаните баравме да се пуштат цела годнина, но и со тоа не нè удостоија, истакна Латинка Постолова, претседателка на месна заедница Тркање.

Од Месната зедница упатија апел до надлежните служби да излезат на терен и да ги согледаат реалните проблеми со кои се соочуваат секојдневно.
-Замолувам и апелирам јавно сите доставени барања на Месната заедница – Тркање да бидат разгледани. Надлежните институции кој се задолжени за санација на дефекти да бидат поажурни, а не да се молиме за капка вода, додаде Постолова.

Жителите на селото се надеваат дека по јавното апелирње надлежните служби сериозно ќе си ја сфатат работата и во иднина ќе можат нормално да функционираат.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.