Се претставивме со две композиции една народна „За појас“ и другата уметничка темата од филмот „Кум“. Многу сме задоволни од нашиот успех и лани исто така го освоивме првото место, се надеваме дека и ќе продолжиме така. Работевме под менторство на професорите Тодор и Љубиша Филипови. Оркестарот се состои од гитари, флејти, тарабука, тапан и труба, истакна Елена Борисова, ученичка на СОУ „Љупчо Сантов“.
Како да не се биде горд на вакви прекрасни ученици, истакна нивниот ментор професорот Тодор Филипов.
– Како не би биле горди на вакви ученици, честитки до нив тие се нај заслужни за наградата и успехот. Благодарност до директорот од кого ја имаме поддршката, до вас медиумите што го претставувате нашиот успех. Оваа година државниот натпревар се одржа во Домот на културата во Валандово. Право на учество имаа сите средни училишта во државата што се пласирале за учество на државниот натпревар што значи се боревме во силна конкуренција. Имаше три категории на оркестри – мешан оркестар каде што ние ја освоивме првата награда, категорија бендови и мандолински оркестри, рече Тодор Филипов, ментор.
Овој успех за учениците претставува поголем мотив и поттик за уште поголема работа и труд во иднина и освојување награди и признанија.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=fSAtB4N3Qlg&feature=youtu.be
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.