На петтиот по ред меѓународен фолклорен фестивал учествуваа фолклорни групи и друштва од Македонија и соседна Србија, а се сукаа околу 20 зелници и се правеше матеница.
Членовите на фолклорниот ансамбл од Оризари изведоа повеќе игри на трева, а пред присутните беа презентирани обичаите: биење на млеко, правење масло, сукање ѓурѓовденски зелник и правење други народни специјалитети кои се подзаборавени во денешно време.
На дефилето и обичаите му претходеше целовечерен концерт кој што сеодржа во салата на Домот на културата во Оризари на кој настапија фолклорните групи од Македонија и Србија и домаќинот ФА„Љупчо Сантов“.
Фестивалот заврши со песна и заедничко дружење и дегустација на традиционалните јадења. Организатор на ѓурѓовденскиот фестивал петта година по ред е ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари со поддршка од Локалната самоуправа на Кочани и Министерството за култура.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=sBxCGFZLEy0
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.