Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Меѓу нас е тивко“ на Интимен театар од Битола ја доби гран-при наградата на ДАФ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
4 јуни, 2018 20:01
во Некатегоризирано
време на читање: 1 мин.
A A

Така не треба да биде, затоа што театарот е храм каде што треба да се прават работите според човековите вредности, кои за жал полека ни се губат, а тоа не треба да биде. ДАФ, порано ФААТ, овој фестивал е местото каде што се раѓа волјата, душата, ентузијазмот и се она што нас не натерало да бидеме денес ова што сме, рече Горан Стојановски, претседател на жири-комисијата на ДАФ.

Наградата за најдобра режија му беше доделена на Владимир Јовановски за претставата „Дом за старци“ што ја изведе Летечката театарска трупа од Тетово.

– Интенцијата ни е да создаваме квалитетен производ што ќе биде најдобро можно оценет и прифатен од публиката. На крајот на краиштата ние имаме едно мото, тоа мото еоди отприлика вака: „Театарот служи да ги вознемири смирените и смири вознемирните“. Се додека нас тоа ни пали, ние сме задоволни, рече Владимир Јовановски, добитник на наградата за најдобра режија.

Признанието за најдобра главна женска улога го доби Тина Танчева за ликот на Велика во истоимената претстава во изведба ЈОУ „Бранд Петрушев“ од Богданци. Кристијан Јорданов, член на Младинското драмско студио „Прличко“ од Велес е добитник на наградата за најдобра главна машка улога за ликот на Патлен во претставата “Адвокатот Патлен“.

Награда за најдобра женска епизодна улога и беше доделена на Марија Ѓорѓиева која го тлкуваше ликот на слугинката во претставата “Пеликан“ што ја изведе Драмското студио при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани.

– Јас сум презадоволна, многу сум возбудена поради оваа награда, искрено не очекував, ја добив наградата за најдобра епизодна женска улога во претставата „Пеликан“, која што беше во режија на Перо Даниловски. Претставата ја подготвувавме во рок од околу два месеци, целата подготовка течеше многу брзо и на крајот успеавме да ја донесеме претставата онака како што треба. Јас сум задоволна од начинот на кој ја изведовме претставата и еве, тоа се потврди со оваа награда, рече  Марија Ѓорѓиева, добитничка на наградата за најдобра женска епизодна улога.

Стефан Николовски од Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес беше награден за најдобра епизодна машка улога., а за најдобра театарска престава за деца беше прогласен драмскиот проект „Од трње до звезди“ во изведба на Летечка театарска трупа од Тетово. Признанието за уметничка иновација и истражување во аматерскот драмски израз го доби Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље, Република Србија. Жирито им додели специјално признание на Филип Ѓорѓиевски, Синиша Петровски и Давид Михаиловски за најавтентичен актерски израз и промоција на дијалекти во претставата „Токмаците и билбилот“, во изведба на ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево.

Годинава на ДАФ во Кочани беа прикажани 16 драмски проекти, од кои четири во категоријата за деца и младинци, а останатите во вечерната и алтернативна програма. Освен македонските, настапија и две театарски групи од Србија и една од Словенија.

Во придружниот програмски дел беа промовирани книгите “Панкот е мртов“ од Томаж Космач и „Македонска рок енциклопедија“ од Тошо Филиповски, се организираа актерска и работилница за полимерна глина и епоксидна смола, а уметникот Орхан Ќамилов имаше ликовен перформанс „Планеризам“.

Т. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=ZbA-B8Zu7I8

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ГФК „Осогово“ ги почна подготовките пред почетокот на пролетната сезона во првенството на Втората фудбалска лига
Спорт

ГФК „Осогово“ ги почна подготовките пред почетокот на пролетната сезона во првенството на Втората фудбалска лига

автор: Т. Ајтовски
17 јануари, 2026 16:16
0

Фудбалерите на ГФК „Осогово“ ги почнаа физичките и тактички подготовки пред почетокот на пролетниот дел во првенството на Втората фудбалска лига. На првата прозивка, што на стадионот „Никола...

прочитај повеќе
Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 18, 2026 - нед
Кочани, MK
-0°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, ENE
71%
773.32 mmHg
sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21 thu01/22
неколку облаци
4/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
облачно
6/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?