Досега отворивме 11 објекти и за една година се инвестирани 37, 3 милиони денари. До крајот на годината треба да се отворат уште 11 објекти со сума вкупна од 71 милион денари за година ипол оваа влада ќе вложи во детски градинки и институции за детска заштита. Тоа дава една друга динамика бидејќи сметаме дека инвестиција во раниот детски развој дава квалитет понатаму во понатамошното образование на децата и во работна сила како возрасни, рече Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.
Големо олеснување за родителите е отворањето на детска установа во Зрновци, оти ги носеа своите деца во градинката во Кочани, велат вработените. Во моментов во градинката во Зрновци има 40 деца, а наскоро ќе биде отворена и нова група од 20 дечиња.
-Во моментов имаме 40 деца распоредени во две воспитни групи. Вработени имаме 9, од кои 4 даватели на услуги и останатите помошно технички персонал. Имаме потреба од отворање и на нова група деца за што се потребни нови врабортувања, рече Верица Савева, раководител на ЈОУДГ „Бисерчиња“ Зрновци.
Реално имаше голема потреба од отворање на ваква установа во општината Зрновци. Општината тргна од фактот дека за секое дете е важно овозможувањето на услови за подобар раст и развој, рече градоначалникот Блаже Станков.
– Tргнувајќи од фактот дека раното детство е важна фаза во севкупниот развој на личноста, Oпштина Зрновци од секогаш се залагаше за секое дете да биде вклучено во процесот на социјализација преку згрижување во предучилишни установи. Затоа денеска сме среќни што тој сон се исполни изградивме нова детска градинка за чија изградба средствата ги обезбедивме преку ИПА програмата на ЕУ преку проектот „Пружање на подобри општински услуги“. Финансиската конструкција е 230 илјади евра, а опремата целосно е финансирана од МТСП. Сакам да се заблагодарам на сите чинители што допринесоа да биде изграден овој објект, на изведувачите „Актива“ од Штип, на проектантската куќа и на МТСП и министерката Царовска. за поддршката, рече Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
Царовска на крајот од посетата посочи дека целта на владата е континуирано да ги зголемуваат просторните капацитети на детските градинки во земјава, но и да го подобрат квалитетот на програмите и да вклучат што поголем број деца кои досега немале можност да посетуваат градинка.
До крајот на годината е предвидено да се отворат уште 11 нови објекти со што сумата за изградба, адаптација и опремување на градинки за периодот од јуни 2017 заклучно со декември, издвоена од државата, ќе изнесува 71 милион денари.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.